6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВолво сепак се откажува од воздушното перниче за пешаци

Волво сепак се откажува од воздушното перниче за пешаци

vovlo pernice

Автомобилската индустрија се развива со голема брзина, а последниот доказ за тоа е одлуката на Волво во идните модели да не го вградува своето револуционерно воздушно перниче за пешаци, кое за првпат се појави на нивниот „V40“ модел. Шведската компанија сфати дека оваа технологија би била излишна покрај успешното развивање на напредните системи за детекција на пешаците и автоматското сопирање.

Претставниците на Волво на авто-саемот во Токио соопштија дека нивното воздушно перниче за пешаци кое се наоѓа под хаубата на моделот „V40“, нема да се користи во новиот „XC90“ модел.

Големите воздушни перничиња се конструирани да се активираат при брзина помала од 50km/h, а благодарејќи на нив моделот „V40“ од 2012-та година на строгиот „Euro NCAP“ тест забележа високи 88 проценти во категоријата за безбедност на пешаците.

Меѓутоа, со развојот на новите напредни системи за детекција на пешаците и автоматско сопирање со кои Волво се обидува да избегне да дојде до незгода, од компанијата процениле дека оваа технологија е излишна и неисплатлива.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП