25 април, 2024
ПочетнаИЗДВОЕНОФејсбук ви ги прикажува најзначајните моменти од 2013-та година

Фејсбук ви ги прикажува најзначајните моменти од 2013-та година

fb trac

Друштвената мрежа „Фејсбук“ направи преглед на вашите најважни случувања во 2013-та година, како и листа на работи кои најмногу сте ги споделувале или „лајкнувале“.

Како што се наближува крајот на годината, на корисниците на „Фејсбук“ под профилните слики ќе им се појави копчето „Преглед на 2013-та година“.

Тоа води на видеото кое ги сумира вашите дваесет најважни случувања од оваа година, односно оние кои најмногу сте ги споделувале или „лајкнувале“.

Тој преглед можете да го задржите за себе или да го поделите со пријателите. „Фејсбук“ покрај тоа објави и што оваа година било „тренд“ на друштвената мрежа.

Меѓу најпопуларните настани биле:

1. Промената во статусот за врската.

2. Патувањата.

3. Преселбите.

Најмногу луѓе се пријавувале на локации во Аргентина, Австралија и Бразил. Што се однесува до тоа за што најмногу се говорело на „Фејсбук“, на прво место е Папата, потоа следат избори во земјите, а на трето место е кралското бебе, односно раѓањето на синот на Вилијам и Кејт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП