На годишно ниво регистриран е раст на бројот на ученици и студенти кои биле сместени во суденски домови за седум отсто.
Податоците да Државниот завод за статистика покажува дека над 5000 ученици и студенти биле сместени во домови за основно, средно и во студенски домови. Овој податок го отвора прашањето дали сега станува збор за тренд кој ќе следи и во иднина со оглед на фактот што становите кои се изнајмуваат драстично поскапеа.
Официјалните податоци велат дека бројот на ученици и студенти што се сместени во домовите за основното, средното образование и во студентските домови во 2025-2026 година е 5 232, што претставува зголемување за 7.0 % во однос на претходната 2024-2025 година.
Дополнително статсистичарите забележале и декавВо 2025-2026 година во домовите за ученици што посетуваат средни верски училишта се сместени вкупно 88 ученици. Во извештајот се наведува и дека во анализираниот период имало вкупно 9 студентски и 19 домови за ученици во основните, средните и средните верски училишта.
Ученици и студенти сместени во домови и интернати, 2025/2026 година:
• 55 ученици од основно училиште
• 1 750 ученици од средно училиште
• 31 ученик од православно верско училиште
• 57 ученици од исламско верско училиште
• 3 427 студент
Тоа што од следната академска година ќе ги очекува корисниците на домови кои се во државна сопственост се новите правила за користење, кои се доста построги од актуелните и предизвикаа многу реакции, како позитивни така и негативни. Во новиот правилник на министерството за образование стои дека, студентите кои престојуваат во студентски домови и кои ќе направат материјална штета, ќе бидат затекнати со алкохол и дрога во собите и кои неодговорно се однесуваат кон инвентарот може да останат без студентско сместување. Дополнително, во студенски дом може да биде сместено лице кое има до 30 годишна возраст.
И.П.



