26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДи Каприо вложува во електрични тркачки автомобили

Ди Каприо вложува во електрични тркачки автомобили

venturi di kaprio

Холивудскиот актер, Леонардо ди Каприо се здружи со автомобилската компанија „Venturi“ од Монако која произведува луксузни електрични автомобили. Ди Каприо и „Venturi“ заеднички ќе формираат тим кој ќе учествува во првенството на „FIA Formula E“, првото во кое ќе се натпреваруваат исклучиво електрични возила.

Актерот во соопштението вели дека иднината зависи од „возилата кои користат чиста енергија“ и додава дека е горд што ќе биде дел од овој тим.

Тимот „Venturi Grand Prix Formula E“ го сочинуваат коосновачите Берт Хедаја, Франческо Коста и Гилдо Паланка Пастор.

Трките во новото натпреварување ќе започнат во септември 2014-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП