24 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 09.12.2013

Дневен хороскоп 09.12.2013

zodiac111

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Ви одговара влезот на Марс во знакот на Вага бидејќи мислите дека ви носи позитивна енергија, мотивација и нагласена креативност. Попладневните часови се попријатни за секаков облик на дружење, работа и соработка особено со жените и уметниците. Покажете доволно трпение и добра волја за некоја комплицирана ситуација да се реши во ваша корист. Играјте игри на среќа.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Можно е да се подготвувате за средба со некој кој не сте го виделе подолго време, а ви е особено драг, можно е тоа да е некој Бик или Стрелец. Астролошката куќа на пријатели е добро позиционирана, во овој период ќе им посветите големо внимание на средбите со пријателите. Не се откажувајте од вашите цели и од она што го работите, многу полесно можете да постигнете повеќе од тоа што мислите.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Бидејќи ја остваривте финансиската добивка, пожелно е да застанете. Премногу сте свртени на материјалната страна на животот, уживањето во љубовта, храната и пиењето, па сте заборавиле на духовната компонента. Нема потреба од претерување, само најдете ја златната средина. Денешните активности ви се проследени со бурни емотивни реакции. Лесно ќе се најдете во ситуација да постапите нетактички, за што подоцна ќе се каете. Бидете внимателни.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Идеализмот и оптимизмот се клучни нешта за впуштање во некоја активност. Од извесна ситуација очекувате премногу, пред се, промена во секојдневното живеење, бидејќи ви е смачено нештата да ви се одвиваат на спонтан и монотон начин. Сметате дека заслужувате повеќе, а и во право сте. Штедете пари, доаѓаат лоши периоди.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Успешната тимска соработка, внатрешната хармонија, но и со околината носат пријатен и успешен ден. Бидејќи среќата ве следи на љубовен план, не оптоварувајте се со ситници, туку обидете се да се олабавите и да уживате. И покрај се, не ви е лесно, бидејќи се наоѓате во фаза на важни животни промени и одлуки.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Разменувајте идеи со лице од женски пол. Ви се укажува одлична можност за патување. Бидејќи сте материјалистички настроени, пресметајте како ќе профитирате од тоа. Не грижете се, ќе успеете, иако ви се случува често да инвестирате во погрешни лица и работи. Нервозни сте поради преокупираноста на партнерот со работа. Помалку озборувајте.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ќе бидете во ситуација во која ќе се двоумите околу нешто или некого. Треба да се одлучите за една варијанта и притоа нешто да изгубите. Сакате целосно да успеете во тоа, што е невозможно. Се тешите со помислата дека за што и да се одлучите, нема да изгубите, а и мала промена нема да ви наштети. Имате неочекувани случки.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Планирате нешта што се премногу убави за да станат реалност. Обидете се да го поправите незадоволството од актуелните случувања на вистинскиот начин. Поради недостиг од енергија и умор, исцрпени сте, па повеќе одморајте се и мирно чекајте ги вашите пет минути. Само со мудрост може да ја совладате кризата.

strelec1

 

Стрелец  (22.11 – 21.12)

Очигледни се промашувањата на емотивен план како последица на погрешни процени, но затоа периодот ви е поволен за уметност. Доколку она што ви задава проблеми на материјален план го пренасочите на духовен и на филозофски план, ќе постигнете рамнотежа и ќе бидете задоволни. Инспирацијата ви е нагласена, па не дозволувајте да остане неискористена.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Секојдневните обврски ќе ви бидат можеби насочени кон некакво документирање на настаните, пребарување по документи или правење на нови, создавање на извештаи, одлуки, решенија, се во зависност од тоа што работите и кои ви се професионалните активности. Од друга стана можни се и некакви „идеолошки” недоразбирања со претпоставениот, но политиката оставете  ја настрана, особено ако сте од различни политички опции.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Периодот ви е поволен за работа, но не и за љубов. Бидете вредни и избегнувајте ги расправиите и ќе успеете. Ќе бидете задоволни со резултатите од вашата работа, но и од партнерот. Љубовта и парите за вас се нешта што се еднакво значајни.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Имате премногу работи што треба да ги завршите, па затоа се обидувате да не се преоптоварувате со неважни работи. Колку повеќе вложувате енергија, толку резултатите ќе бидат повидливи. Со колегите бидете на дистанција, бидејќи односите со нив само на прв поглед изгледаат задоволително.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП