Постојат неколку акции со потенцијал да пораснат во цената поради Светското првенство во 2026-та година – првата група се компании како „Adidas“ и „Nike“. Потоа, тука се медиумските компании како „FOX“ и платформите како „Booking“, „Airbnb“, „Uber“ и други.
Се очекува растот на приходите на „Uber“ да биде сериозен, бидејќи Светското првенство се протега на три земји и два континента. „Uber“ има и достава на храна, што сигурно ќе биде претпочитана услуга за Американците кои го гледаат првенството од дома. Аналитичарите истакнуваат дека инвестицијата во „Uber“ им дава можност и на инвеститорите да учествуваат во автономно возење.
„Comcast“ ги поседува правата за емитување на Светското првенство на шпански јазик, што ќе им донесе 250 милиони долари, додека „Fox“, кој емитува на англиски јазик, има износ од 650 милиони долари.
Над 20 милиони ноќевања ќе бидат резервирани за Светското првенство – повеќето од нив ќе поминат преку резервации, што е голем плус за компанијата. Во првиот квартал од оваа година ќе видиме послаби приходи, но во вториот и третиот ќе се види ефектот од првенството врз компанијата.
„Adidas“ беше една од компаниите што претрпе голем пад на цената на акциите на почетокот на годината, но сега растот е околу 17%. Сега гледаме пресврт на трендот на намалување на приходите и продажбата, па „Adidas“ влегува во Светското првенство во 2026-та година со моментум. Брендот „Adidas“ ќе се појави на 14 екипи, „Nike“ со 12, а „Puma“ со 11, иако втората поминува под радарот на инвеститорите.
„Nike“ не успеа да ги направи промените за да ја искористи предноста на Светското првенство.
„Компанијата почна да продава директно на потрошувачите, што доведе до тоа патиките ‘Nike’ да бидат симнати од полиците – тоа го еродираше брендот“, велат аналитичарите.
Според нив Светското првенство не секогаш води кон раст, бидејќи еден настан што трае еден месец не може да го промени моделот на компанија на која не ѝ оди добро.



