19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовата „седмица“ ќе има и „extra-long“ верзија

Новата „седмица“ ќе има и „extra-long“ верзија

2016-BMW-7-Series

Додека сегашната „BMW Ѕeriеѕ 7“ (F01/F02) се нуди со стандардно и продолжено меѓуосовинско растојание, следната генерација на овој седан (интерна ознака G11/G12 кој во продажба ќе се појави во 2016-та година) на купувачите ќе им биде достапна и во „extra-long“ верзија.

Најновите неофицијални информации велат дека „BMW“ со новата „седимица“ во „extra-long“ верзија ќе и конкурира на ултра луксузната верзија на „Mercedes S-сlasѕ extra-long“. Најважни пазари на ваквите модели ќе бидат Кина, но и Блискиот Исток.

Само за потсетување, новата „BMW Ѕeriеѕ 7“ според претходните информации благодарејќи на употребата на алуминиумот и јаглеродните влакна (покривот, хаубата, поклопецот на багажникот…) ќе биде полесна од актуелниот модел и тоа за околу 200 kg.

Во палетата на мотори ќе се најдат агрегати со 6, 8 и 12 цилиндри, како и „plug-in hybrid“ варијанта, а во понудата ќе бидат и верзии со погон на задните тркала или со погон на сите четири тркала.

Се најавува и новиот деветстепен „ZF“ автоматски менувач, а претходно се споменуваше и верзијата „760 xDrive M Performance“ за која најверојатно е предвиден и подобрен 4,4 литарски „twin-turbo“ V8 мотор.

Во секој случај, претставниците на „BMW“ најавуваат дека новата „седмица“ за 2016-та година технички ќе биде најнапредниот автомобил во историјата на „BMW“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП