Најновите податоци на Државниот завод за статистика велат дека во текот на 2025 година биле изградени 2 518 нови станови. Вкупната нивна вредност достигнала 16 милијарди денари. Од друга страна официјалните податоци на Агенцијата за катастар покажува дека во текот на ланската година регистрирани се околу 8000 купопродажби на станови, но нема информации колку од нив се нова градба, односно имаат прв сопственик.
Во 2025 година, индивидуалните сопственици извршиле градежни работи во вредност од 16.2 милијарди денари и завршиле 2 518 станови, се наведува во најновиот извештај на Дрежавниот завод за статистика. Лани, индивидуалните сопственици извршиле градежни работи во вредност од 16 221 364 илјади денари. Во текот на 2025 година се градени вкупно 2 113 објекти и завршени се вкупно 2 518 станови со вкупна површина од 320 404 м2, од кои 92 се станови во викенд-куќи со вкупна површина од 11 114 м2.

