9 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАAldi претстави евтин Medion таблет (видео)

Aldi претстави евтин Medion таблет (видео)

medion

Компанијата „Aldi“ влезе на пазарот на евтини таблети претставувајќи го својот таблет „Medion Lifetab E7316“.

Економичниот уред ќе биде во можност да се купи во супермаркетите на „Aldi“ веќе следната недела по цена од 96 евра. Таблетот има 1,6 GHz „Quad Core“ процесор, екран со резолуција од 1024×600 пиксели, интерна меморија од 8GB и оперативниот систем на „Google“ – „Android 4.2.2 Jelly Bean“.

Димензиите на таблетот се 192x122x10,8 mm, тој има камера на задната страна од 2 мегапиксели и на предната од 0,3 мегапиксели.

Таблетот „Medion Lifetab“ беше претставен, откако компанијата „Tesco“ потврди дека работи на втората генерација на таблетот „Hudl“, кој на пазарот ќе пристигне следната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП