6 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА12 совети за безбедно плаќање преку интернет

12 совети за безбедно плаќање преку интернет

pari karticka

Во „online“ продавниците се продаваат многу работи, од гардероба, книги, обувки, мебел,техничка роба, па до туристички аранжмани.

Сепак, првото нешто што треба да се има предвид е безбедноста. Доколку не сте сигурни од кого купувате, самите себеси си поставувате замка. Не само што ќе ги загубите парите, туку ги ризикувате и вашите лични податоци.

1. На интернет страницата на која е формуларот за внесување на бројот од картичката, секогаш проверете дали интернет адресата започнува со „https“.

2. За време на плаќањето, внимателно читајте ги сите известувања кои се појавуваат на екранот и никогаш немојте да ги занемарувате пораките кои се појавуваат или да ги затворате без претходно читање.

3. Никогаш не го внесувајте вашиот пин-код при купување преку интернет.

4. Картичките исклучиво користете ги на интернет страни на големи и познати компании и трговци, затоа што тие можат да обезбедат адекватна заштита. Тоа се авио-компаниите, аеродромите, интернет страните на хотели, интернет страни специјализирани за туризам преку „E-bооking“.

5. Податоците од картичката внесувајте ги само кога треба нешто да платите.

6. Не дозволувајте на никого да ја фотокопира вашата каритчка. Ова се однесува и на рецепциите на хотелите во кои претстојувате.

7. Никогаш да не испраќате фотокопија од картичката преку електронска пошта.

8. Не ја оставајте вашата картичка на некого.

9. На никого не го давајте бројот на картичката и верификациониот код.

10. Не ја користете картичката на интернет страни за возрасни.

11. Не ја користете картичката на непознати интернет страни за игри на среќа.

12. Подобро е да користите посебна картичка на која ќе плаќате со неа само на интернет и на таа сметка да не чувате премногу пари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП