Најновото истражување на Институтот за економски анализи Finance Think покажува кои се секторите и дијностите каде вработените заработуваат од 1000 до 2000 евра месечно. Станува збор за 12 дејности кои се распределени како во административно финансиски струки, трудоинтензивни па се до дејности од проиводствените компоненти.
Компјутерските програмери и натаму се на врвот не само во Македонија туку на глобално ниво најплатените вработени лица. Според официјалните податоци тие струки во земјава добиваат месечна плата во просек од 115 500 денари. Веднаш зад компјутерџиите на листата најплатени дејности во Македонија се вработените во секторот Научно истражување и развој кои месечно во просек добиваат плата од 84 илјади денари.
Истражувањето на Институтот покажува дека на трето место се вработените во секторот Основни стручни и научни дејности кои заработуваат во просек 83 илјади денари. Според висината на платата високо котираат и вработените во дејноста, Складирање и помошни дејности во превозот кои имаат просечна плата од 75 900 денари. Првата петорка ја заокружуваат вработените во телекомуникацискиот сектор со просечна плата од 74 800 денари.
Вработените во воздухопловниот простор имаат плата во просек која се движи од околу 69 илјади и според висината таа е на 6-то место на скалата. Седми се вработените во производствените фармациски компании кои добиваат во просек плата од 67 илјади денари. 66 илјади денари добиваат вработените во финансиските дејности, а речиси идентична им е и платата на вработените кои произведуваат пијалаци.
Речиси 63 илјади денари се платите во рударскиот сектор, а илјада денари помалку во Управувачките дејности. На 12-то место се наоѓаат вработените во осигурителниот сектор и во пензиските фондови со плата над 1000 евра или поточно 61 250 денари.
Во меѓувреме просечнатга плата во земјава изнесува 48 400 денари.
Информациите од официјалните извори покажуваат дека под просечна плата во Македонија добиваат над 70 проценти од работниците.
И.П



