8 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАTonino Lamborghini го претстави првиот смартфон на брендот (фото)

Tonino Lamborghini го претстави првиот смартфон на брендот (фото)

lambo telefon1

„Tonino Lamborghini“, суб-брендот на автомобилскиот производител „Automobili Lamborghini“, го претстави „Antares“ – првиот паметен телефон на компанијата. Слично на сите „Lamborghini“ производи, уредот е со ограничено производство и доаѓа со „солена“ цена! Телефонот базиран на „Android“ ќе чини 4000 долари.

lambo telefon

Овој смартфон е премногу лукузен, затоа што е рачно изработен од нерѓосувачки челик и од природна кожа на задниот капак, а достапен е во различни решенија на бои, вклучувајќи и 24 -каратно злато.

Опремен со 4-инчен екран на допир, покриен со „Gorilla Glass“, „Antares“ може да се пофали со 1.5 GHz „quad-core“ процесор, 1 GB RAM меморија, 32 GB внатрешна меморија и слот за микро SD картички до 32GB.

lambo telefon2

За првокласно аудио искуство, уредот има вграден „Yamaha“ засилувач и два звучници. Луксузниот уред, исто така е опремен и со две HD камери: 13 мегапиксели на задната страна и 5 мегапикселна предна камера со целосна HD поддршка на видео во формат од 1080p.

lambo telefon3

Смартфонот се очекува да дебитира на пазарот во почетокот на пролетта следната година.

lambo telefon5

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП