Експертите од Институтот за економски анализи Finance Think подготвија детална анализа за тоа како се движеше долгот на државата во последниве десетина години. Опфатени се три сегменти и тоа како растеше долгот кон домаќинствата, кон компаниите и кон странство. Податоците велат дека во последниве две години најмногу е зголемен долгот кон странство.
Податоците ги започнуваме со информациите од 2015 година кога долгот кон домаќинствата изнесувал 0,06 милијарди евра. Во истата година долгот кој го имала Македонија кон фирмите изнесувал 1,83 милијарди евра, а кон странство пак долгот бил 2,13 милијарди евра. Следната година, податоците велат дека е забележано намалување на долгот односно има стагнирање на долгот кон домаќинствата, намалување на долгот кон фирмите и во 2016 година тој изнесувал 1,7 милијарди евра а кон стгранство бил на ниво од 2,09 милијарди евра. Но, веќе во 2017та се случува зголемување на долгот на државата. Кон домаќинствата има долг од 0,02 милијарди евра, кон приватниот сектор 2 милијарди евра а пак кон странство долгот се искачил на 2,5 милијарди евра. Година подоцна долгот повторно расте и тоа во 2018та долгот кон граѓаните исто како и во 17та односно 0,02 милијарди евра, а кон фирмите изнесувал 2,83 милијарди евра, кмон странство пак минимално но сепак зголемување од 2,52 милијарди евра во 2018та година.

