ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАОбјавено е колку трае работната недела во европските земји, еве колку работат...

Објавено е колку трае работната недела во европските земји, еве колку работат Македонците

Европската комисија објави статистика за неделното работно време во Европската Унија за 2025 година.

Статистиката ги опфаќа граѓаните на возраст од 20 до 64 години и покажува дека просечната работна недела во Европската Унија е 35,9 часа, што е намалување во однос на 36,9 часа во 2015 година.

Најдолги работни недели во земјите-членки на Европската Унија се забележани во Грција (39,6 часа), Бугарија и Полска (и двете по 38,7 часа) и Литванија (38,4), во Хрватска е 37,7 часа.

Од друга страна, Холандија имала најкратка работна недела (31,9 часа), по што следат Данска и Германија (и двете по 33,9 часа) и Австрија (34,0 часа), според Евростат.

Занимањата со најдолги работни недели во ЕУ биле квалификувани работници во земјоделството, шумарството и рибарството (42,0 часа всушност одработени), менаџери (40,6) и занимања во вооружените сили (39,4). Најкратки работни недели се забележани кај основните занимања (31,8), административните работници (34,0) и работниците во услужни дејности и продажба (34,5).

Меѓу земјите надвор од ЕУ, Турција се издвојува со просечна работна недела од 42,9 часа. По неа следуваат Босна и Херцеговина со 40,9 часа, Србија со 40,6 часа, Грција со 39,6 часа и Македонија со 39,5 часа.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП