ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАИзненадувачки поевтини потрошувачката кошничка?!

Изненадувачки поевтини потрошувачката кошничка?!

Изненадувачки информации објави Сојузот на синдикати на македонија. Имено, нивната последна пресметка покажала дека синдикалната минимална потрошувачка кошничка е намалена за 54 денари на годишно ниво.

Податоците на ССМ велат дека вредноста на синдикалната минимална кошница за месец мај 2026 година изнесува 68 743,00 денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец април 2026 год. која изнесува 68 797,00 денари е намалена за 54,00 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец мај изнесува 84 117,00 денари.

Пресметката на синдикатот вели дека во април за набавка на храна биле потребни 25 475 денари, а тоа се 37 отсто од трошоците во домот. Што се однесува до набавката на облека за оваа намена се потребни точно 105 евра или 6 333 денари. За подмирување на трошоците за домување на едно четири члено семејство му биле потребни во месец април 6 338 денари. За одржување на лична хигиена на семејството неопходни биле 2 600 денари. Следуваат трошоците за основните здравстени прегледи и медикаменти а тоа чинело околку 20 евра или 1200 денари. За транспорт трошоците и натаму високи, односно за јавен превос на четири члено семејство се неопходни на 5 000 денари. За подмирување на трошоците за колкуникации 3700 денари. 5500 денари за спорт и рекреација, За образование прилично високи, односно над 7 илјади денари. За угостителски услуги требало да се издвојат 4200 денари, и за останати услуги над 1000 денари.

Допрва ќе се анализира на што се должи ова намалување на вредноста на кошничката кое доаѓа во време кога граѓаните секојдневно се жалат на се понискиот стандард и намалената куповна моќ. Власта сега има и тоа како да се фали дека без мерки има намалување на трошоците на живот на граѓаните.

И.П

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП