ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАКои проекти ќе добијат на приоритет, ребалансот во завршна фаза!

Кои проекти ќе добијат на приоритет, ребалансот во завршна фаза!

Засега нема конкретни информации каде најмногу ќе се кратат финансии за навенјиот ребалас на буџетот кој како и секоја година се случува во јуни. Кои проекти ќе бидат ставени во втор план, кои министерства или други државни институции до крајот на годината ќе функционираа со намалени средства поради распределбата на парите од буџетот наскоро ќе се знае. Денар се обиде да добие одговори од Министерството за финансии, од каде ни посочија дека во тек се консултации со државните институции. Во меѓувреме најважните проекти за државата или капиталните инвестиции заклучно 14ти месецов се со реализација од 37,3 отсто.

Тоа што засега е познато е дека активно се работи на прекројувањето на државната каса. Институциите кои се буџетски корисници, или најголемиот дел од нив веќе ги подготвиле документите и ги доставиле до ресорното министерство кое треба да пресече колку од нивните расположливи средства ќе им бидат пренаменети за проекти кои ќе добијат приоритет до крајот на годината. И премиерот напомена дека се уште траат консултациите помеѓу Министерството за финансии и ресорите, и признава дека тешки се времињата во однос на тоа што се случува во светот и глобалната состојба со кризите. Додаде дека треба да се има во предвид каква е состојбата во другите држави, кај нас ударот не е толку голем и врз самиот Буџет.

„Почнавме со состаноци со буџетските корисници во однос на подготовката на ребалансот на буџетот за 2026 година со цел да ги утврдиме приоритетите на кои ќе дадеме фокус до крајот на годината имајќи ја предвид притоа и неизвесноста предизвикана од геополитичките случувања и војната на Блискиот Исток. Да не заборавиме дека нашата економија не е имуна на случувањата надвор и затоа имаме особено внимателен пристап во креирањето на политиките, кои ќе обезбедат стабилност, отпорност и одржлив развој на македонската економија. Пристапот при разговорите со министрите е заснован на реално завршените проекти и на реалните очекувања за нивна понатамошна реализација до крајот на годината, со цел средствата да се насочат кон приоритети кои се изводливи, мерливи и имаат конкретен ефект.

Нашиот фокус останува заштитата на животниот стандард на граѓаните и овој ребаланс нема да оди надвор од овие рамки. Граѓаните треба да бидат спокојни дека буџетот е ликвиден, се сервисираат сите обврски, редовно се исплаќаат платите и пензиите и обврските кон економијата. Во овој контекст, нема да бидат засегнати ставките што придонесуваат за економски раст и кои се реализираат во согласност со планираната динамика, особено капиталните инвестиции, како и мерките за поддршка на граѓаните насочени кон унапредување на животниот стандард“, велат за Денар од Министерството за финансии.

Од друга страна, опозицијата веќе неколку пати во последниов период алармира дека состојбата со државниот буџет е алармантна и се почесто го користи терминот – Банкрот. Нивните информации се дека државата се соочува со сериозни финансиски проблеми, а Владата  лошо го менаџира државниот  Буџет. Но властите велат дека со ребалансот на буџетот ќе останеме во основата на среднорочната фискална рамка утврдена со фискалната стратегија за периодот 2027 – 2031 година, која неодамна ја усвои Владата.

И.П

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП