21 јуни, 2025
ПочетнаАВТОБИЗЕдeн од најочекуваните автомобили за 2014 година веќе е распродаден!

Едeн од најочекуваните автомобили за 2014 година веќе е распродаден!

prodadeno ferari

Новиот модел на „Ferrari“, од кој ќе бидат произведени само 499 примероци, веќе е распродаден и тоа не е случајно.

„LaFerrari“ е најмоќното, најбрзото и се разбира најскапото „Ferrari“ кое некогаш е произведено.

Моделот ја развива максимална ограничена брзина од 350 км/ч. Автомобилот е со максимална моќност од 949 коњски сили и може да забрзува од 0 до 100 км/ч за 3 секунди. Инаку максималната брзина која може да ја развие е 396 км/ч.

Цената на автомобилот според последните податоци е 1,4 милиони долари, а 120 од купените примероци се од САД.

„LaFerrari“ е дел од новата стратегија на компанијата, која во наредните години планира да произведува помалку, но поскапи автомобили, слично на „Bugatti“ и „Pagani“.

Од почетокот на годината до крајот на ноември „Ferrari“ произведе 7.000 автомобили, наспроти 7.300-те возила во претходната година. Приходите, сепак предвидуваат раст од 6 проценти или до 2,3 милијарди долари, а профитот ќе забележи раст за 20 проценти или до 350 милиони долари.

Стратегијата на „Ferrari“ можеби е доста добр , откако летоска модел од 1967-та година беше продаден на аукција за 27,5 милиони долари. Пред десет години „Ferrari Enzo“ се продаваше за 650 илјади долари, а денес цената му е над 2 милиони долари. Токму тоа го гледаат богатите луѓе – колекционерска вредност на „црвеното коњче“, како нагалено го нарекуваат „Ferrari“.

Не е исклучено „LaFerrari“ да го следи трендот на „Enzo“, па по извесно време да се продава за доста повисока цена од сегашните 1,4 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар