ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАОваа пролет за скоро 30% помалку ќе се гради

Оваа пролет за скоро 30% помалку ќе се гради

Нова потврда дека интересот за градење во земјава се намалува. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во март 2026 година се издадени 245 одобренија за градење, што е за 26.6 % помалку во однос на истиот месец од претходната година. 

Податоците од извештајот велат дека според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 24 574 417 илјади денари, што е за 21.9 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Зголемената вредност се должи на фактот дека во референтниот период се издадени одобренија за градба на ветерни паркови за производство на електрична енергија од обновливи извори со капацитет до 128 MW на територијата на општините Штип, Радовиш и Карбинци, кои се со голема вредност.

„Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 148 или 60.4 % се наменети за објекти од високоградба, 31 односно 12.7% се за објекти од нискоградба и 66 или 26.9 % се намденети за објекти за реконструкција. Од вкупно 245 објекти, на 136 или 55.5 % како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 109  односно 44.5 % објекти инвеститори се деловни субјекти“, стои во извештајот на ДЗС .

Во извештајниот период е предвидена изградба на 618 станови со вкупна корисна површина од   53 718 м2.

Податоците од извештајот покажуваат дека Полошкиот регион предничи со издадените одобренија за градба, односно во овој дел од Македонија во периодот што следни најмногу ќе се гради и тоа општините издале 62 дозволи. На второ место е Скопскиот регион со 51 одобрение за градба. Следуваат југозападниот и југоисточните региони каде се одобрени 37 односно 34 доволи за градење од локалните самоуправи. 24 дозволи се доделени во Источниот регион, во Вардарскиот 19, во Пелагонискиот 15 а во Североисточниот 3 одобренија за градење.

И.П

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП