Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески на лице место го фати возачот на камион како истура шут во Ново Лисиче.
И како што може да се види на видеоснимката, иако градоначалникот бара неговите луѓе да повикаат инспекција и полиција, возачот на камионот кој започна да го истовара шутот па го прекина, му дава на еден од службениците на општината телефонски да се слушне со газдата на фирмата, но службеникот го одбива.
-Додека граѓаните, институциите и волонтерите се обединуваат во рамки на „Генералка Викенд“ за почиста околина, денес спречив обид за нелегално истурање градежен шут на дива депонија во Ново Лисиче.Ваквото неодговорно и несовесно однесување мора јавно да се осуди, особено во денови кога сите заедно се бориме за почиста и поздрава животна средина.Случајот веднаш е пријавен во полиција и до комуналните служби, напиша градоначалникот Митески на неговата Фејсбук страница.



