5 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЗошто на Обама не му е дозволено да има iPhone?

Зошто на Обама не му е дозволено да има iPhone?

Obama-iPhon5

Претседателот на САД, Барак Обама, призна дека не му е дозволено да поседува „iPhone“ поради загриженоста за безбедноста и објасни зошто понекогаш може да се забележи како го користи супер-безбедниот „BlackBerry“.

„Од безбедносни причини не ми е дозволено да користам „iPhone“, изјави Обама пред група млади луѓе во Белата куќа.

Претседателот исто така додаде дека неговите ќерки Саша и Малиа поминуваат многу време со своите „iPhone“ уреди.

„BlackBerry“ е познат по својата безбедносна енкрипција на податоците и тоа е една од клучните причини зошто „паднатата“ канадска компанија и натаму е присутна во Вашингтон.

Безбедносните мерки на посебно модификуваниот „BlackBerry“ уред кој го користи Обама се најде под „лупата“ на јавноста, откако се појавија информациите дека САД го прислушкувала мобилниот телефон на германската канцеларка Ангела Меркел.

Неколку дена по стапувањето на должноста, Обама ја добил битката со тајната служба да го задржи својот „BlackBerry“ уред и покрај стравот дека би можел да биде хакиран и да ја открие неговата локација.

Претседателот често се жали на преголемото обезбедување кое му оневозможува да комуницира со нормалните луѓе и со надворешниот свет и дека неговиот „BlackBerry“ е еден од начините да дојде до информациите кои не поминале низ рацете на неговите помошници и медиумите.

Електронската пошта на Обама исто така е строго ограничена за мал број функционери и лични пријатели, но не е познато кој уред ја чува енкрипцијата на овој вид комуникација.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП