ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАИнфлацијата оди нагоре, животот станува се поскап

Инфлацијата оди нагоре, животот станува се поскап

Војната на Блискиот Исток го отежнува животот на македонските граѓани. Индексот на трошоците на животот во април 2026 година, во однос на април 2025 година, бележи зголемување од 5.7 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 5.0 %.

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во април 2026 година, во однос на март 2026 година, изнесува 1.3 %. 

Во април 2026 година, во однос на март 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Транспорт за 10.1 %, Рекреација, спорт и култура за 1.4 %, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 1.2 %, Храна и безалкохолни пијалаци за 0.7 %, Облека и обувки, Лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги и Информации и комуникации за 0.6 %, Ресторани и услуги за сместување за 0.4 %, Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива, Здравствена заштита и Услуги за образование за 0.3 %.

На годишно ниво, статистика измери најголем раст на цените кај Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 10.2 % и кај Храна и безалкохолни пијалаци за 8.0 %

Намалувањето на инфлацијата во април 2026 година, во однос на март 2026 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во групата Покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата за 0.2 %.

Трошоците на животот во групата Осигурување и финансиски услуги остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП