ПочетнаАВТОБИЗ„Jeep Avenger“ добива ново лице: Осветлена решетка и помодерен изглед (ФОТО)

„Jeep Avenger“ добива ново лице: Осветлена решетка и помодерен изглед (ФОТО)

„Jeep“ официјално го претстави освежениот „Avenger“, кој доби помодерен изглед инспириран од поголемиот модел „Compass“.

Најголемата промена е на предниот дел, каде што малиот SUV сега има нова решетка со осветлени детали и поагресивно обликуван браник.

Редизајнираниот „Avenger“ го задржа својот препознатлив изглед, но сега изгледа помодерно и поробусно.

„Jeep“ ја отстрани широката црна рамка на решетка, додека новите детали на браникот и дополнителните отвори под фаровите придонесуваат за подинамичен изглед.

Купувачите ќе можат да избираат и од двобојна каросерија, кровни шини и нови 18-инчни алуминиумски тркала, а „Jeep“ исто така ги нагласува добрите теренски карактеристики благодарение на зголемениот клиренс и поволните агли на пристап и заминување.

Фотографиите од ентериерот сè уште не се објавени, но се очекуваат значителни подобрувања во кабината и дигиталните системи.

Палетата на мотори за европскиот пазар треба да остане слична на претходната – бензински, хибридни и целосно електрични верзии.

Освежениот „Avenger“ премиерно беше претставен во Бразил, каде што производството ќе започне наскоро.

„Jeep“ ќе открие повеќе детали подоцна оваа година.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП