26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНова „Џимеил“ опција - откажување на веќе испратена порака

Нова „Џимеил“ опција – откажување на веќе испратена порака

gmail-undo-send

Сервисот за електронска пошта „Џимеил“ на „Гугл“ воведува нова можност за откажување на веќе испратена порака.

Новата опција треба да се активира во делот „Гугл Лабс“, каде „Гугл“ ги тестира експерименталните функции кои се уште не се целосно подготвени за употреба.

Оваа опција може да се активира или деактивира во делот Подесување/Лабс/Откажи праќање.

По активирање на опцијата, при праќање порака покрај известувањето дека пораката е пратена, ќе се појавува и можноста „откажи“.

Опцијата е достапна само десетина секунди по праќањето на пораката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП