Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, синоќа во разговор со новинарите изјави дека цените на енергенсите ќе „паднат како камен“ штом заврши војната во Иран.
Глобалните цени на нафтата достигнаа четиригодишен максимум од над 126 долари за барел поради загриженоста дека конфликтот може да доведе до продолжена криза, објави Ројтерс.
Цената на суровата нафта Брент се зголеми за речиси седум проценти на 126,31 долари за барел, пред повторно да падне на околу 114 долари.
Околу 20 проценти од светската нафта и течен природен гас (LPG) се транспортираат преку Ормутскиот теснец, а конфликтот доведе до скок на глобалните цени на енергијата.
Врховниот верски водач на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, изјави во четврток дека Техеран ќе го обезбеди Ормутскиот теснец и ќе ги елиминира „непријателските злоупотреби на тој воден пат“, објави Би-Би-Си.
Во меѓувреме, САД објавија дека ќе ги блокираат иранските пристаништа сè додека официјален Техеран ја загрозува безбедноста на танкерите што се обидуваат да го користат Ормускиот теснец со сериозно нарушување на глобалните снабдувања со енергија.



