27 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFord Mustang зa 2014-та година (фото+видео)

Ford Mustang зa 2014-та година (фото+видео)

mustangce

„Ford“ ги објави првите официјални фотографии и технички детали од најновата генерација на својата икона, пред презентацијата која денеска ќе се оддржи на манифестацијата „Go Further“ во Барселона.

Иако дизајнот на автомобилот се чуваше во тајност, списанијата кои ја следат авто-индустријата имаа за цел да предвидат како ќе изгледа новиот „Ford Mustang“. Меѓу нив беше и „Car&Driver“ кој на крајот на октомври објави убедливи компјутерски цртежи на „Mustang“ зa 2014-та.

Сепак, „Ford“ успеа до крај да го сокрие од јавноста конечниот изглед на овој автомобил.

mustangce1

Би било погрешно да се очекува дека компанијата ќе се одлучи за радикални промени во дизајнот во споредба со претставата која за „Mustang“ ја имаат повеќето љубители на овој модел. Поради тоа на прв поглед очигледно е дека пред вас е еден „Ford Mustang“.

mustangce7

Дизајнот кој е базиран на концептот „Ford Eos“ недвосмислено го одсликува карактерот на автомобилот – моќта и агресивноста.

Погледнете ја презентацијата на дизајнот на надворешноста на новиот „Ford Mustang“:

Новата маска на ладилникот, фаровите и предниот браник претставуваат освежување на предниот дел на „Mustang“ и му даваат аеродинамичен изглед.

Страничната силуета е слична како кај претходникот, а „В“ столбот сега е со црна боја и визуелно е вклопен со страничното стакло.

mustangce2

Задниот дел на автомобилот е изведен во класичен стил за „Mustang“, со триделни стоп светла и затемнета маска меѓу нив.

Покрај купе верзијата, „Ford“ објави фотографии и од кабриолетот кој има платнен покрив.

Американскиот производител тврди дека покривот се спушта два пати побрзо од претходната генерација на овој модел.

mustangce3

Дизајнот на внатрешноста го карактеризираат чисти, правоаголни линии и квалитетни материјали, меѓу кои доминира кожата.

Погледнете го видеото од презентацијата на ентериерот на новиот „Mustang“:

На купувачите ќе им бидат достапни најсовремените системи и технологии на „Ford“, како што се „Intelligent Access“, „SYNC“, „MyFord Touch“, „Track Apps“, „MyColor“ и новиот „Shaker Pro“ аудио систем.

mustangce5

Изборот на мотори опфаќа три погонски агрегати: 3.7 литарски V6 со 303 ks (223 kW) и 365 Nm, четирицилиндарски 2.3 литарски „EcoBoost“ со 309 ks (227 kW) и 406 Nm, и најмоќниот 5.0 литарски V8 кој испорачува 426 ks (313 kW) и располага со максимален вртежен момент од 528 Nm.

mustangce4

Според претходните најави, моторите во почеток ќе се комбинираат со шестстепен мануелен и шестстепен автоматски менувач. Во однос на претходникот, новиот „Mustang“ има подобрена задна суспензија и управувачки систем.

„Ford“ најави дека новиот „Mustang“ ќе се најде во продажните салони во САД во втората половина од 2014-та година, додека на купувачите во Европа овој модел ќе им биде понуден дури во 2015-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП