Под слоганот „Желбите не одат во пензија“, Шпаркасе Банка воведува промотивни услови за потрошувачки кредит наменет за пензионери, со цел да обезбеди дополнителна финансиска поддршка и поголема сигурност во секојдневното планирање.
Потрошувачкиот кредит за пензионери е со максимален износ до 1.500.000 денари и рок на отплата до 95 месеци, фиксна каматна стапка за целиот период на отплата, без трошоци за апликација и административни надоместоци. Кредитот е наменет за различни животни потреби, обезбедувајќи сигурност и флексибилност во секојдневието – од уредување и реновирање на домот, грижа за здравјето, патувања, до поддршка на најблиските и учество во значајни семејни моменти и прослави. Дополнителна вредност носи и опцијата „Рати по твој избор“, што им овозможува на клиентите поголема контрола врз месечниот буџет и врз динамиката на отплата, преку можноста за приспособување на висината на месечните рати според индивидуалните потреби на клиентите.

