ПочетнаЕКОНОМИЈАКолку литри дизел може да се купи со една минимална плата?

Колку литри дизел може да се купи со една минимална плата?

Моментално најактуелни теми се висината на минималната плата, која во Македонија изнесува 26 046 денари или 423 евра и цената на дизелот која во Македонија согласно последната одлука на РКЕ изнесува 94 денари за еден литар или околу 1.5 евра/1л дизел. Оваа анализа покажува дека не треба да го земеме фактот здраво за готово, што го пласираат властите дека имаме најевтини горива, бидејќи далеку сме од релаксирана состојба овозможена од нашата куповна моќ.

Доколку овие два податоци се споредат во Хрватска, Црна Гора, Србија, Босна, Бугарија, Албанија, Косово и Македонија лесно може да се рангира куповната можност на минимлната плата како параметар во однос на цената на едно литро дизел гориво, однoсно може да се направи анализа колку литра дизел можат да се купат со една минимална плата.

Да одиме со ред, Хрватска има највисока минимална плата во регионот и таа изнесува 866 евра, цената на дизелот во оваа држава која е чланка на Европската унија изнесува 1,69 евра за еден литар дизел гориво. Математиката вели дека доколку цела минимална плата се потроши на набавка на дизел ќе се купат вкупно 512 литри. На второ место по висината на минималната плата во регионот се граѓаните од Црна Гора каде таа изнесува 600 евра. Цената на дизелот во Грна Гора изнесува 1.58, што значи дека ќе добијат 380 литри дизел. Во косово минималецот изнесува 500 евра но цената на дизелот е идентична како во Црна Гора и за тие пари ќе може да се наточат 316 литри. Во Србија пак минималецот е повисок од Косовскиот односно тој изнесува 551 евро, но цената на дизелот изнесува 1.82, а граѓаните на Србија за цел минималец би добиле 303 литри. Следна е БиХ каде минималната плата изнесува 525 евра, а цената на дизелот изнесува 1,74 евра за еден литар, тоа значи дека се добиваат 302 литра. Потоа на ред е европска Бугарија каде минималната плата изнесува 481 евро, а дизелот чини 1,62 евра за литар. Пресметката вели дека ќе добијат 297 литри дизел за тие пари. Конечно доаѓа и Македонија каде минималната плата е на ниво од 423 евра а дизелот чини 1,5 евра за литар при што се добиваат 273 литри дизел. На самото дно е Албанија каде минималецот изнесува 515 евра што е повисок од земјава, но таму цената на горивото е драстично пчовисоко односно изнесува 2,22 евра за литар дизел, со што може да се наточат 232 литри доколку сите пари од минималната плата се потрошат на една од бензинските пумпи.

Македонија е 7мо рангирана и со една минимална плата можат да се купат 273 литри дизел.

  1. Хрватска 512 литри дизел со една мнимална плата
  2. Црна Гора 380 литри дизел со една минимална плата
  3. Косово 316 литри дизел со една минимална плата
  4. Србија 303 литри дизел со една минимална плата
  5. БиХ 302 литри дизел со една минимална плата
  6. Бугарија 297 литри дизел со една минимална плата
  7. Македонија 273 литри дизел со една минимална плата
  8. Албанија 232 литри дизел со една минимална плата

Тука сега се поставува прашањето, колку е релевантно тврдењето на македонските власти дека треба да бидеме спокојни бидејќи во земјава имало најниски цени на горивата во регионот.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП