ПочетнаЕКОНОМИЈАПоскапување на авионските карти во Европа

Поскапување на авионските карти во Европа

Прекините во снабдувањето со нафта предизвикани од војната во Иран значително ја зголемија цената на авионското гориво, што веќе ги направи летовите на долги релации од Европа за повеќе од 100 долари поскапи по патник, предупреди „Transport & Environment“.

Според нивната анализа, просечната цена на горивото се зголемила за околу 88 евра по патник на долги летови и за 29 евра на летови во Европа. На пример, летот од Барселона до Берлин е поскап за околу 26 евра по лице, додека летот од Париз до Њујорк се зголемил за 129 евра само поради горивото, објавува „Ројтерс“.

Европските авиокомпании се соочуваат со тешка сезона бидејќи цените на авионското гориво се искачија на повеќе од 100 долари за барел и постојат стравувања дека недостигот може да доведе до откажување на летови. Затоа Европската Унија подготвува упатства за управување со ограничените залихи на гориво.

Авиокомпаниите „Луфтханза“, „Рајанер“ и „Ер Франс-КЛМ“ веќе објавија дека, доколку кризата продолжи, ќе ги пренесат зголемените трошоци на патниците преку поскапи билети.

Организацијата T&E истакнува дека овие дополнителни трошоци се значително повисоки од оние што ги имаат авиокомпаниите поради климатските политики на ЕУ, нагласувајќи дека вистинската ранливост на секторот е зависноста од увезената нафта, а не од еколошките прописи.

Во овој контекст, ЕУ планира дополнително да инвестира во одржливи горива и енергетска независност, додека авиокомпаниите бараат ублажување на некои климатски мерки, вклучително и задолжителната употреба на зелено гориво до 2030 година и правилата за наплата за емисии на јаглерод.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП