Вредноста на синдикалната минимална кошница за април 2026 година изнесува 68 797денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец март 2026 година која изнесуваше 67818 денари е зголемена за 979 денари.
Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец август изнесува 84 172 денари. Најмногу пари и натаму се потребни за храна. Ова е најновата пресметка на Сојузот на синдикати на Македонија која вели дека за четири месеци или од почетокот на годинава живеачката е поскапа за 3 305 денари.
За набавка на храна на едно четири члено семејство му се потребни над 26 илјади денари. За облека и обувки потребни се над 6000 денари. Пресметката на ССМ покажува и дека за режиски трошоци на четири членото семејство му се неопходни 6300 денари. За набавка на средства за лилчна хигиена од домашниот буџет треба да се одвојат 2700 денари.
Пресметката на синдикалците покажува дека за здравствени услуги и набавка на лекови трошоците на месечно ниво во април изнесувале 1200 денари. Во однос на средствата наменети за транспорт, во анализираниот период за четиричленото семејство за јавен превоз биле потребни речиси 5 000 денари. За подмирување на сметките за комуникации биле потребни 3 400. За рекреација и за посета на култирни манифестации во биле потребни 5 600 денари. А трошоците за образование во април надминуваат 7 000 денари. За ресторански услуги пресметката е дека неопходни биле 4 000 денари. За останати стоки и услуги според пресметката на синдикалците потребна била уште илјадарка.
„Вредноста на Синдикалната минимална кошница за месец април 2026 година изнесува 68.797,00 денари, споредена со вредноста на Синдикалната минимална кошница за месец март 2026 година која изнесува 67 818,00 денари е зголемена за 979,00 денари. Со изнајмен стан од 60 м2 за месец март изнесува 84 172,00 денари. Зголемувањето на вредноста на синдикална минимална кошница за четири месеци јануари, февруари, март и април 2026 година изнесува 3.305,00 денари“, стои во објавата на Синдикалната минимална потрошувачка кошничка.
На крајот на минатата работна недела премиерот напомена дека нивната анализа покажува намалување на дел од производите кои се продаваат во маркетите, а тоа особено значело за земјоделските производи. Премиерот спомна дека е можно и намалување на ДДВ-то на храната доколку е потребно. Неговиот став е дека Македонија има едни од најдобрите мерки против инфлацијата во цела Европа.
Но од овие информации кои ги изнесуваат властите големи бенефити граѓаните не добиваат.
Властите и натаму сматаат дека нема потреба од интервентна корекција на минималната плата. Продуктивноста за работодавачите е слаба, а работниците остануваат на ставот – каква плата таква продуктивност.
И.П



