28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПежо ќе склопува автомобили во Венецуела

Пежо ќе склопува автомобили во Венецуела

pezotka

Францускиот производител на возила, „PSA“ Пежо-Цитроен ќе започне да склопува автомобили во Венецуела кон крајот на 2014-та година, во рамките на партнерството со владата на Каракас.

Владата на Венецуела веќе најави дека „PSA“ ќе отвори фабрика за делови, необјавувајќи други детали.

Венецуелскиот Министер за индустрија, Рикардо Менендез изјави дека е формирано стратешко партнерство за започнување на заедничко вложување меѓу владата и претставниците на Пежо. Тој додаде дека се очекува фабриката да има вкупен производен капацитет од 15.000 возила годишно, а за првата година предвидено е производство на 5.000 автомобили. Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро рече дека државата ќе има удел од 51 процент во проектот, но доколку биде потребно на Пежо ќе му биде овозможено да стане мнозински сопственик.

Претседателот вчера потпиша декрет со кој се ограничува цената на автомобилите, како на новите, така и на половните, се со цел да се сопрат шпекулациите. Поради строгите валутни контроли, новите увозни автомобили се многу скапи и ретко се видени во Венецуела, па половните возила се многу барани и нивната цена расте. Некои луѓе дури ги купуваат како инвестиција за да се обезбедат од инфлација.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП