Новиот „Juke“ останува верен на својата неконвенционална филозофија. Каросеријата се карактеризира со остри линии и футуристички детали, поради што повеќе наликува на концепт отколку на сериски автомобил.
Тркалата со пикселизиран дизајн особено се издвојуваат, додека рачките на задните врати се уште се скриени во столбовите за да се задржи купе изгледот.

Иако изгледа сосема поинаку, новиот „Juke EV“ е технички близок до „Nissan Leaf“, со кој ја дели механичката платформа „CMF-EV“.
Ова значи дека би можел да користи батерии од 52 kWh и 75 kWh, со очекуван опсег до 604 километри по WLTP циклус со поголем пакет.

Според првичните информации, електричниот „Juke“ најверојатно ќе има еден електричен мотор и погон на предните тркала, со излезна моќност помеѓу 174 и 215 ks, во зависност од верзијата.
Помоќната варијанта би можела да достигне 100 км/ч за околу 7,6 секунди.

Интересно е што Nissan нема веднаш да го прекине сегашниот „Juke Hybrid“.
Втората генерација ќе остане во понудата паралелно со новиот EV модел, што покажува дека јапонскиот производител сè уште смета на клиенти кои сè уште не се подготвени целосно да се префрлат на електрична енергија.

Производството на двата модели ќе се одвива во Сандерленд, Велика Британија, додека продажбата на новиот „Juke EV“ во Европа се очекува да започне напролет 2027-ма година.
Повеќе детали ќе бидат објавени подоцна оваа година, како и фотографии од ентериерот на автомобилот.



