3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes започна со „online“ продажба на возила

Mercedes започна со „online“ продажба на возила

220120_mercedes-benc

Од денеска, компанијата „Mercedes-Benz“ на потенцијалните купувачи на автомобили ќе им овозможи купување на возила по пат на Интернет, преку своето претставништво во Хамбург. За почеток на располагање се повеќе од 70 конфигурирани автомобили, почувајќи од „А сlasѕ“, преку новиот „CLA“ модел, па се до „CLS Shooting Brake“, a пакетите подразбираат услови за лизинг, осигурување, како и оддржување.

Оваа одлука е донесена, откако „BMW“ одлучи својот најнов модел „i3“ да го продава по пат на интернет, а се како одговор на големиот притисок кој класичните салони и претставништва го трпат во овие кризни времиња, пред се од големите „online“ „продавници“ на возила, како што е „Mobile.de“.

Кога цените се во прашање, а тоа купувачите најмногу ги интересира, тие се идентични како оние во продажните салони, но како поттик за „online“ купувањето, на клиентите ќе им бидат поклонети влезници за различни настани во светот на авто-спортот, па дури и „позајмување“ на носачи на покривот за одредени модели при заминувањето на подолги патувања.

По оваа, прва „online“ „продавница“, компанијата „Daimler“ има во план втората да ја отвори на почетокот на 2014-та година и тоа во Варшава, Полска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП