6 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАРускиот dual-screen YotaPhone наскоро ќе биде достапен ширум Европа

Рускиот dual-screen YotaPhone наскоро ќе биде достапен ширум Европа

yotaphone-smartfon

Првите информации за смартфонот „YotaPhone“ ги слушнавме пред една година, кога компанијата  од Русија „Yota“ објави дека сака да додаде „e-ink“ екран во паметните телефони.

Финалниот производ сега е достапен во Русија, како и во дел од Европа (Германија, Франција, Австрија и Шпанија) со почетни 500.000 примероци. Уште четири европски пазари би требало да го добијат овој смартфон во јануари, а во текот на првиот квартал од 2014-та, тој би требало да биде достапен ширум Европа.

„YotaPhone“ го одликува 4,3-инчен 720p „LCD“ екран (на задната страна е истиот екран, но со резолуција од 640 x 360), како и платформата „Android 4.2.2 Jelly Bean“.

Што се однесува од останатите карактеристики го издвојуваме процесорот „dual-core 1,7 GHz Krait“, 2 GB RAM и 32 GB интерната меморија, камерата од 13 мегапиксели и батеријата од 1800 mAh.

Од компанијата не објавија информација по која цена овој уред ќе се продава на пазарите ширум Стариот континент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП