Точно во еден часот по полноќ Белата куќа објави соопштение во кое се наведува дека е постигнат договор за двостран прекин на огнот помеѓу САД и Иран во времетраење од две недели. Веднаш по оваа информација цените на нафтата на берзите паднаа на 95 долари за барел.
Врз основа на разговорите со премиерот Шехбаз Шариф и фелдмаршалот Асим Мунир од Пакистан, при што тие побараа да се воздржам од испраќање на разорната сила кон Иран вечерва, и под услов Исламската Република Иран да се согласи на целосно, итно и безбедно отворање на Ормускиот теснец, се согласувам да ги суспендирам бомбардирањата и нападите врз Иран во период од две недели. Се наведува во документот на Белата куќа.
„Ова ќе биде двостран прекин на огнот! Причината за ова е што веќе ги исполнивме и ги надминавме сите воени цели, и сме многу блиску до конечен договор за долгорочен мир со Иран, како и мир на Блискиот Исток. Добивме предлог од 10 точки од Иран и сметаме дека тој претставува издржана основа за преговори. Речиси сите досегашни спорни точки се веќе договорени помеѓу Соединетите Американски Држави и Иран, но овој двонеделен период ќе овозможи договорот да биде финализиран и официјализиран“, стои во дописот.
Во име на Соединетите Американски Држави, како претседател, и истовремено претставувајќи ги земјите од Блискиот Исток, чест ми е што овој долгорочен проблем е блиску до конечно решение.
Ви благодарам за вниманието на ова прашање!
Доналд Џ. Трамп
Претседател на Соединетите Американски Држави




