Најновите податоци на Државниот завод за статистика укажуваат на нов скок на трошоците за живот во Македонија, што влијае и на инфлацијата.
Индексот на трошоците на животот во март 2026 година, во однос на март 2025 година, бележи зголемување од 4.9 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3.4 %.
Во март 2026 година, во однос на февруари 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Транспорт за 3.4 %, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 3.2 %, Покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата за 0.6 %, Рекреација, спорт и култура за 0.5 %, Услуги за образование, Лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги, Храна и безалкохолни пијалаци за 0.4 %, Облека и обувки за 0.3 %, Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива, Информации и комуникации за 0.2 %, Здравствена заштита, Ресторани и услуги за сместување за 0.1 %.
Трошоците на животот во групата Осигурување и финансиски услуги, остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во март 2026 година, во однос на февруари 2026 година, изнесува 0.7 %.



