Стопанствениците понудија план за полесно надминување на кризата која се повеќе се чувствува во секојдневието на граѓаните и компаниите. Од Стопанската комора сметаат дека преку процесот на Јавните набавки, преку јавно-приватно партнерство, преку воспоставување на економска дипломатија, потоа преку кадровска политика во јавниот сектор но и со финансиска дисциплина може да се намалат глобалните влијанија врз македонската економија.
Според претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, јавните набавки, односно во тие постапки потребно е да се обезбеди примена на македонска референца поточно кажано тие да бидат наменети за домашни компании. Особено во набавките кои се обезбедени и финансирани од јавниот буџет. Потоа за Јавно – приватното партнерство, потребно е да се унапреди и позиционира на највисоко стратешко и институционално ниво. Што се однесува до економската дипломатија, земјава треба да се фокусира кон економскиот инпакт и кон придобивките за државата и бизнисот од економските активности. Во однос на кадровската политика во јавниот сектор планот на бизнисменот е именувањето на раководни лица во државните институции кои имаат влијание врз работењето на бизнис секторот, задолжително да биде консултирана бизнис-заедницата. Финансиска дисциплина пак за Азески е битна затоа што јавниот сектор треба да ги исполнува своите обврски кон компаниите на ист начин како што приватниот сектор редовно ги подмирува своите обврски кон државата.
„Бидејќи е јасно дека нашата земја неможе да влијае врз глобалните процеси, а тие станаа редовна појава со влијание на целокупната светска економија (економска криза 2008 г., здравствена криза 2020 г., енергетска криза 2021 г., нафтена криза сега, 2026 г. ), мислам дека е погоден момент барем на домашен план да ги потсредиме работите. На тоа ни кажуваат и резултатите и бројките за првите два месеци од оваа година. Никогаш не сум се срамел да признаам дека се што сум научил за почитување на различните мислења, владеење на правото, пазарната економија, сум научил од моите пријатели од Словенија. Во досегашната моја практика патиштата ми се вкрстиле со многу луѓе, меѓу нив и со многу политичари кои имале влијание врз економијата во нашата државата. Морам да кажам дека сите тие имале желба да помогнат во државата. И да надминат одредени состојби кои биле кочница за тој развој“, вели претседателот на Стопанската комора Бранко Азески.
Тој вели дека загриженоста на бизнис секторот веќе е забележителна. Најголемата мака на бизнисмените во моментов е постојаната неизвеснот.
1.Има ли концепт Владата за справување со вака тежок предизвик?
2.Има ли Владата кадровски капацитет да излезе накрај со овој проблем?
3.Има ли меѓународната заедница доверба во Владата?
4.Има ли суета кај актуелниот премиер?
Ова се прашањата кои првиот човек на најголемото бизнис здружение ги упати до Илинденска број 2.
„Сето ова не вреди ништо, ако јавно не кажам дека најголемата бизнис заедница во државата не направила некој потез со којшто покажува дека може да се надмине себеси. Тоа е ѓаволски тежок процес, бара многу мудрост и знаење. И затоа, сакам јавно да кажам дека трите најголеми бизнис заедници во Македонија ССК, СКСЗМ и СКСМ, потпишаа платформа за заедничко дејствување. И со тоа покажаа огромен капацитет за поддршка на државата во ваквите моменти. Тоа го очекуваме и од сите други субјекти, креатори на економските политики“, додава Азески.
Азевски истакнува голема благодарност до Горан Ѓорѓиевски и Нухи Алиу кои ја прифатија неговата идеја да се здружат околу една платформа и со тоа ги надминаа своите суети. Азески вели дека го охрабрува премиерот и понатака секој ден да посетува по една фирма и секој месец да посетува по едно бизнис здружение.
И.П



