4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПриватизацијата на Аерофлот ќе се случи догодина

Приватизацијата на Аерофлот ќе се случи догодина

aeroflot kompanija

Околу 10 проценти од акциите на рускиот државен авиопревозник „Аерофлот“ би можеле да бидат дадени на продажба веќе во 2014-та година.

„Тоа би требало да го зголеми уделот на акциите во слободниот промет од четри до шест на 16 проценти и да се одреди реалната пазарна цена пред планираната приватизација на компанијата“, прецизираше Савелјев.

Прелиминарната согласност на сите страни е постигната, но крајната одлука е на Агенцијата за управување со државен имот.

За можната продажба на 10,55 проценти од акциите на „Аерофлот“ се говореше подолго време, но никогаш не беше наведена конкретна година.

Во првата фаза од 2013-та до 2015-та по дополнителната емисија со која државниот пакет ќе биде намален од 51,17 нa 50 проценти плус една акција и емисијата од 10,55 проценти од акциите, во план е завршување на интеграција на регионалните компании во групацијата „Аерофлот“, вклучувајќи и лансирање на нискотарифни превозници.

Во втората фаза од 2016-та до 2020-та година, уделот на државата би требало да биде намален за 25 проценти плус една акција. Вчера на берзата во Москва, капитализацијата на „Аерофлот“ е зголемена за 0,69 проценти, нa 70,1 милијарди рублији, па така 10,55 проценти од компанијата вредат 7,4 милијарди рублји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП