ПочетнаКОМПАНИИКој ти брани да одиш во Мексико?

Кој ти брани да одиш во Мексико?

Еден од омилените производители на телевизори, електроника и бела техника, Hisense, започнува наградна игра благодарение на која ќе стекнеш спомени за цел живот. Затоа, ако сонуваш да одиш на Светското првенство во фудбал – на вистинското место си!

Hisense и оваа година е официјален спонзор на FIFA World Cup 2026™ и затоа на сите им дава можност да заминат на патување од соништата и да присуствуваат на отворањето на Светското првенство во Мексико!

Како да учествувате и други правила на играта

Акцијата е отворена за сите купувачи кои во периодот од 18. март до 27. април 2026 година ќе купат Hisense или Gorenje производи во вкупна вредност од најмалку 15.000 дeнари и ќе внесат до пет фискални сметки во пријавниот формулар на веб-страницата. По проверката на точноста на пријавите, кандидатите ќе бидат поканети на 29.04.2026 година со почеток во 18:00 часот на натпревар во изведување пенали на фудбалското игралиште на ФК Локомотива Скопје во Скопје – победникот на финалето освојува патување за двајца на натпреварот на отворањето на Светското првенство.

1. Пополни го формуларот на официјалната страница на Hisense и приложи фотографии или скенирани фискални сметки (до пет сметки).

2. Сметките мора да бидат од периодот 18.03.2026 до 27.04.2026 година и со вкупен износ од минимум 15.000 денари.

3. Ако пријавата биде верификувана, ќе бидеш поканет/а на квалификации на 29.04.2026 годинана фудбалското игралиште на ФК Локомотива Скопје во Скопје, каде што ќе се шутираат пенали во цели, а во финалето истиот ден учесниците шутираат против професионален голман. 

Главната награда е пакет-патување за двајца на натпреварот на отворањето во Мексико – победникот и лицето што ќе го избере како придружник. Условите и одредбите се достапни на линкот.

Затоа, ако размислуваш да учествуваш – провери Hisense и Gorenje апарати и зачувај ги фискалните сметки, па пријави се преку формуларот што е можно побрзо. Потоа – ако бидеш поканет/а – те очекува натпревар во Скопје во кој токму ти одлучуваш дали ќе одиш на патување. Затоа што, кој ти брани да одиш во Мексико?!

# # #

За компанијата Hisense

Hisense, основана во 1969 година, е еден од глобалните лидери во производството на апарати за домаќинство и потрошувачка електроника, со присуство во повеќе од 160 земји. Специјализирана е за испорака на висококвалитетни мултимедијални производи, апарати за домаќинство и интелигентни ИТ решенија. Според податоците на компанијата Omdia, Hisense го зазема првото место во светот во сегментот на телевизори со дијагонала од 100 инчи и повеќе (2023 – прва половина од 2025). Како официјален спонзор на FIFA World Cup 2026™, Hisense останува посветен на глобалните спортски партнерства како начин за поврзување со публиката ширум светот.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП