2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАUnfollow - Новата опција на Facebook

Unfollow – Новата опција на Facebook

Unfollow_Facebook_Mobile_Post_540x546

Со кликнување на „Unfollow“ ќе ги сокриете постовите на пријателот кој постојано го слика своето милениче или статусите на колегите до минатата работа, со кои сте пријатели, но не сте се виделе веќе неколку години….

„Facebook“ објави дека ќе додаде уште еден начин за филтрирање на протокот на вести во социјалната мрежа, воведувајќи го копчето „Unfollow“ ( во превод , „не го следам“ или „престанувам да го следам“).

Изгледа дека со новото копче ќе можеме да го направиме она што сега е можно со „Hide All“ (скриј ги сите) . „Hide All“ е начин да останеме пријатели со некого, но се крие ажурирањето на статусите и позициите, ако нивната содржина ни се чини неинтересена или досадна.

Разликата се состои главно во зборот што се користи.

„Целта на оваа промена е да им помогнеме на луѓето да ги селектираат информациите и да гледаат повеќе содржини што ги интересираат“, ова го изјави портпарол на „Facebook“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП