Според пресметките на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2026 година, изнесуваше 46 617 денари.
Во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 8.3 %.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 12.9 %, Трговија на големо и мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 11.1 % и Преработувачка индустрија за 10.5 %.
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање за 7.4 %, Градежништво за 5.3 % и Финансиски дејности и дејности на осигурување за 3.8 %.
Програмерите остануваат најплатени во земјава, просечна плата од 107 016 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Втори на списокот топ пет најплатени професии се Научно истражување и развој, кои во ноември земале во просек 79 530 денари нето плата. Следуваат вработените во Воздухопловен транспорт со 78 905 денари, па вработените во Складирање и помошни дејности во превозот со 72 311 денари и последни од топ пет се вработените во Останати стручни, научни и технички дејности со 70 677 денари нето плата.
На другата страна на скалата, топ пет најнеплатените професии во земјава се со минимум трипати и дури над четири пати пониски плати од професиите со највисоки примања. Така убедливо на дното се вработените во секторот “Производство на кожа и слични производи од кожа” со просечна плата од 29 670 денари. Следуваат вработените во секторот “Производство на облека” со 29 791 денари, па тие во Рибарство и аквакултура со 29 794 денари.



