Нема поубаво чувство од тоа да се има сопствен дом, свој „клуч на врата“ – живееш по свои правила. Готвиш и каниш гости кога сакаш, гледаш филмови кои ти ги сакаш, го уредуваш просторот по свој вкус и желби. Уживаш во придобивките не правејќи постојани компромиси со никого. Живеење во сопствен дом е сон на секој човек, но и вредно искуство што нѐ учи како да си го организираме и планираме животот! Сами си ја создаваме дневната рутина, без да следиме туѓи правила, желби или очекувања. Создаваме мир и хармонија, независност, како и посилно чувство на одговорност и самодоверба.
Па така, ако веќе немаш дилеми дали сакаш сопствен дом, време е да влезеш во следната фаза. Да размислиш каков и колкав стан ти треба, во која населба преферираш да живееш, какви ти се плановите во иднина, колкава ти е заштедата и колку дополнителни средства ти се потребни за да дојдеш до сопствениот стан. Ако овие прашања се „расчистени“ време е да избереш партнер што ќе ти го олесни процесот.

