Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец март 2026 година изнесува 67 818,00 денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец февруари 2026 година која изнесува 67 382,00 денари е зголемена за 436,00 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец март изнесува 83 193,00 денари. Зголемувањето на вредноста на синдикална минимална кошница за трите месеци јануари, февруари и март 2026 година изнесува 2 326,00 денари.
Податоците кои ги објави Сојузот на синдикати на Македонија покажуваат дека само за храна и пијалоци во март на едно четири члено семејство биле потребни 25 292 денари. За цела година тој трошок изнесувал фантастични 303 505 денари.
За облека и обувки трошоците во март изнесуваат нешто над 100 евра, а речиси идентични се и трошоците за подмирување на режиските трошоци, односно 105 евра.
Семејствата кои имаат ученици во домот во анализираниот месец трошоците за образование ги чини 7 200 денари. 5 600 денари се резервирани за култура у рекреација, дополнителни 5 000 денари за јавен транспорт, околу 4 илјади за угостителски услуги, нешто над 1000 денари за основните здравствени услуги, 3400 денари за комуникациски услуги.
Се на се трошоците на живот пресметани од страна на ССМ изнесуваат 67818 денари.
„Сојузот на синдикатите на Македонија во континуитет се залага и бара зголемување на минималната плата се со цел подобрување на стандардот на работниците со најниски плати и на нивните семејства“, велат од ССМ.
Сега дополнително се очекува работите да се искомплицираат по новонастанатите глобални случувања. Скокот на цената на берзите на нафтата веќе има големо влијавие и во Македонија. Секој ден се бараат одговори и мерки од владата, за да не се случи нов ценовен удар врз грбот на граѓаните.
И.П



