Според најновите информации, јужнокорејскиот гигант планира да ја прекине продажбата на телефонот „Galaxy Z TriFold“ по само три месеци на пазарот.
Иако беше претставен како технолошко чудо што се преклопува на две места и се претвора во таблет од 10 инчи, „Galaxy Z TriFold“ очигледно беше наменет повеќе како демонстрација на моќ отколку како долгорочен играч на пазарот.

