И покрај тоа што во јавноста се појавија информации дека набавната цена на дизелот ќе биде намалена, до „Макпетрол“ од страна на ОКТА до денес не е пристигнато официјално известување врз основа на која што би се промениле договорните услови помеѓу двете компании. Наместо тоа, од страна на добавувачот и понатаму се испраќаат фактури во полна сума, односно без најавениот попуст, велат од компанијата.
Во однос на соопштението испратено до јавноста од Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ), „Макпетрол“ смета дека ова тело со ваквото укажување до трговците излегува надвор од своите овластувања и професионалните стандарди.

