3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАTелевизорот SONY BRAVIA X9 – перфекција на сликата и звукот

Tелевизорот SONY BRAVIA X9 – перфекција на сликата и звукот

MERjjjjjj

Денес во Порта Македонија Sony го претстави најновиот модел на телевизор 4K Ultra HD BRAVIA X9005, кој овозможува 4К резолуција, односно слика со четири пати повеќе детали во однос на  досегашните Full HD модели. Со моќниот процесор на сликата X-Reality PRO 4K, серијата X9 нуди извонредна 4К резолуција за каква било содржина, во комбинација со уникатната технологија на Sony за зголемување на резолуцијата.

MER

Со 4К резолуцијата гледачите ќе можат да уживаат на големите екрани без воопшто да го жртвуваат квалитетот на сликата. Сè повеќе провајдери на содржини се насочуваат кон компатибилност со 4К како идна технологија, а Sony ја предводи револуцијата со 4K менувајќи го начинот на кој се снимаат, на кој се прави монтажа и на кој се гледаат филмовите во целиот свет. Првите холивудски продукции веќе започнаа да снимаат со видео камерата на Sony F65 CineAlta 4K, додека минатата година на Берлинскиот саем за потрошувачка електроника – IFA 2012 – компанијата за прв пат го претстави 84” модел на 4К Ultra HD BRAVIA X9, а оваа година пак на CES 2013 ја надополни понудата со 55“ и 65“ модели, со што ја комплетираше целосната палета на 4К – од објективите сè до прикажувањето во дневната соба.

Серијата X9 претставува огромен скок во квалитетот на сликата, кој ќе им овозможи на гледачите да уживаат во светот на реалистични детали и вистински бои. Телевизорот X9 4K Ultra HD ги прави пореални сите содржини со помош на сликата со повеќе од 8 милиони пиксели (резолуција од 3840 x 2160), многу повеќе од досегашните 2 милиони пиксели (резолуција од 1920 x 1080) што ги имаат досегашните Full HD телевизори. Сликата на екранот е толку рамномерна, што тешко можaт да се забележат поединечните пиксели. Без оглед на тоа каква содржина ќе се прикажува на овој модел – HD филм, видео записи од интернет или пак омилената ТВ-емисија – процесорот за обработка на сликата X-Reality PRO 4K ќе ја подобри сликата приближно до 4K резолуција. Интелигентната технологија на слика ги анализира и ги подобрува сликите, ги изострува деталите и ги збогатува боите, со што се добива поголем квалитет во однос на Full HD.

ghghghghg

Овој модел има екран Triluminos, иновативна технологија што Sony ја воведе во серијата W9 и што овозможува целосно прикажување на природните и реалните нијанси на бои, како што се црвената, сината и зелената. Екранот Triluminos обезбедува поширок опсег на бојата  за многу поприродно и поживописно доживување, со зголемено чувство на длабочина повеќе од кој било друг екран.

Серијата X9  е единствениот модел на телевизор од Sony што ја користи најновата технологија на звучници Magnetic Fluid, кои се потенки, поефикасни и кои нудат репродукција на висококвалитетен звук. Првично создадени преку вселенската програма NASA, а сега ексклузивно достапни за Sony, тенките звучници Magnetic Fluid во серијата X9 обезбедуваат јасен и моќен звук. Звучниците се дизајнирани да ги намалат изобличувањата при мала или голема јачина на звукот, така што, без оглед на тоа дали станува збор за тивок дијалог или за громогласна експлозија, звукот ќе биде кристално чист. Дополнително, овие звучници можат да испорачаат повисоко ниво на звучен притисок во однос на конвенционалните звучници при иста влезна моќност, односно да обезбедат посилен звук со помала потрошувачка на енергија.

Доколку корисниците поседуваат паметен телефон што подржува NFC, можат да го допрат телефонот до далечинскиот управувач и со еден допир да го пресликаат приказот од нивниот паметен телефон на 4K телевизорот. Вградениот Wi-Fi® во телевизорот ќе им овозможи на корисниците да пребаруваат на интернет од нивната фотелја, додека на Sony Entertainment Network можат да се пронајдат голем број филмови, музика и ТВ-емисии, кои можат да се добијат преку телевизорот.

Палетата на 4K производи на Sony за домашна забава ја дополнуваат и Blu-ray читачот BDP-S790 , кој може да претвори 1080p слики во 4К, и системите за домашно кино 4К.

Во последните осум години Sony беше предводник на 4К технологијата, создавајќи решенија што нудат инзвонредно искуство за гледачот, токму онака како што режисерот или креаторот го замислиле. Компанијата имаше суштинска улога во воведувањето на 4К дигиталната продукција во кино-салите, а денес се инсталирани 4К дигитални проектори во повеќе од 15 000 кино-сали во светот. s ase

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП