20 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАBenQ се враќа на пазарот за смартфони

BenQ се враќа на пазарот за смартфони

benq

„BenQ“ повторно влегува на пазарот на смартфони. За тајванскиот пазар се претставени два нови уреди од средна категорија кои работат на оперативниот систем „Android“.

Моделот „A3“ доаѓа со процесор „Snapdragon MSM8225Q“ кој има работен такт од 1,2 GHz, додека моделот „F3“ е заснован на процесорот „MediaTek MT6589“. Двата уреди имаат 4.5 инчни екрани со резолуција од 960 x 540 пиксели, еден гигабајт работна меморија, 4 GB интерна меморија, како и слот за „microSD“ мемориска картичка.

Разликата во уредите е во батеријата (2.100 mAh нa „F3“, односно 2.000 mAh нa „A3“), како и камерата. На моделот „F3“ резолуцијата на задната камера изнесува 13 мегапиксели, додека моделот „A3“ се испорачува со стандардна 8-мегапикселна камера.

Цените во Тајван пресметани во долари би изнесувале 270 за моделот „F3“, oдносно 200 долари за „A3“. Инфромациите за интернационалната достапност на уредите, моментално не се познати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП