7 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАGalaxy S5 пристигнува наскоро и тоа со сериозни перформанси?

Galaxy S5 пристигнува наскоро и тоа со сериозни перформанси?

Digital Life Tech Test Samsung Round

Најновите информации тврдат дека наследникот на моделот „Galaxy S4“, значително помоќниот „Galaxy S5“ ќе има прилично нереални перформанси и дека ќе биде претставен само 10 месеци, откако „S4“ имаше премиера.

Судејќи по интернет страна од Кореа, која до информациите дојде од „извор од индустријата“, производството на моделот „Galaxy S5“ би можело да започне во јануари, а новиот модел би требало да го има оперативниот систем „Android KitKat“.

Иако ова се чини како прилично чуден план, со оглед дека сопствениците се уште не поминаа цела година со својот „Galaxy S4“ уред, „Samsung“ поседува ресурси да направи било што и тоа во големи количини и не е проблем да им наштети во продажбата на претходниот модел.

Неименуван извор тврди дека „Galaxy S5“ ќе биде достапен во верзија со пластично, но и со метално куќиште, ќе поседува 64-битен процесор, 3GB RAM, камера од 16 мегапиксели, како и батерија од 4.000mAh со која би требало да се напојува 5-инчниот флексибилен екран со 560 пиксели по инч.

Од „Samsung“ не сакаа да ги коментираат овие гласини, но сосема е сигурно дека сопствениците на моделот „S4“ нема да бидат премногу среќни ако нивниот премиум телефон добие помоќен наследник и тоа во многу краток рок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП