ЕВН Македонија, на настан во организација на Стопанската комора „Револуцијата во образованието – моќта на дуалното образование во Македонија“, беше признаена како прва компанија вклучена во дуалното образование во земјата. Признанието му беше врачено на Раководителот на Одделот за човечки ресурси и организација, г. Фисник Осеку, од страна на претседателот на Комората, г-дин Бранко Азески.
На настанот присуствуваше и министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, која ја истакна важноста од понатамошно унапредување на дуалното образование и негово усогласување со потребите на пазарот на труд, со цел создавање стручен и конкурентен кадар.


