Обезностa е здравствен проблем со кој што се соочува околу 30–35% од возрасното население во Македонија. Дополнително, 30,4% од децата на возраст од 6 до 9 години живеат со вишок килограми, што е алармантен показател за прехрамбените навики во нашата земја. Овие бројки јасно ja укажуваат потребата од системски и долгорочни мерки за поттикнување на здрави прехрамбени навики и активен начин на живот уште од најрана возраст. Пристапот кон здравата исхрана не треба да се доживува како напор или обврска, туку како природна и лесна животна навика која го подобрува целокупното здравје. Здравата храна не значи помалку вкусна храна, напротив кога трпезата е полна со свежи и нутритивно богати намирници, оброците стануваат уште повкусни.
Затоа, сега е вистинскиот момент целото семејство да притисне „reset“ и да внесе свежи, здрави навики во исхраната и животниот ритам. Во маркетите насекаде низ земјава достапни се високо нутритивни производи створени токму за да можете да оддржувате балансирана исхрана со сите хранливи материи, витамини и минерали кои ви се потребни. Контролата на внесот на калории и изборот на поквалитетна, помалку преработена храна се клучни за здрав нутритивен баланс. Исфрлете ги додадените шеќери, адитиви, солта и индустриски преработената храна, бидејќи токму тие се меѓу главните ризик-фактори за здравјето и главните предизвикувачи на обезност. Тајната е во рамнотежата, наместо рестрикции, а фокусот треба да биде на паметни избори. Малите промени како замена на газирани пијалаци со комбуха или овесен напиток, грицки со здрави протеински ужинки, или домашен оброк наместо брза храна – носат големи резултати на долг рок. Нека зеленчукот, овошјето и протеините станат главни ѕвезди во кујната, а појадокот богат со растителни влакна, гранола, мусли и житарици – утрински ритуал за целото семејство. А, чоколадните колачиња за малите авантуристи секогаш нека ви бидат при рака за да ја задоволат желбата за благо, а сепак тоа да биде здраво

