2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПрвата Toyota со мотор на BMW

Првата Toyota со мотор на BMW

tojtoa bmw

Две години по потпишување на договорот и испораката на дизел моторите со групацијата „BMW“, моделот „Verso 1.6 D-4D“ ќе биде првата „Toyota“ опремена со овој агрегат на „BMW“.

Со воведувањето на 1.6 литарскиот „D-4D“ мотор, „Toyota“ ја проширува својата гама на погонски агрегати на моделот „Verso“, која сега се состои од 4 дизел и 2 бензински мотори. Новиот дизелаш произведува максимални 112 ks при 4.000 o/min и најголемиот вртежен момент од 270 Nm, кој е достапен помеѓу 1.750 и 2-250 o/min.

Според информациите на производителот со 119 g на CO2 на километар, овој дизел мотор е со најмала штетна емисија од сите мотори на моделот „Verso“.

Развојот на моторот „1.6 D-4D“ за „Verso“ го водеше Техничкиот центар „TME“ со седиште во Белгија со што беше овозможено правилното вклопување со возилото и со менувачот на „Toyotа“, но и со електрониката. На тој начин е задржана удобноста при возењето и динамичките перформанси на автомобилот.

tojtoa bmw1

Развиени се и неколку нови делови, како што се носачите на моторот, замаецот, новото куќиште за менувачот и стоп-старт системот кој дополнително ја зголемува ефикасноста и намалувањето на емисијата на штетни гасови.

Производството на моделот „Verso“ со моторот 1.6 D-4D ќе започне во јануари 2014-та година во фабриката на „Toyotа“ во турскиот град Адапазари, единствената во која се произведува „Verso“. Во оваа фабрика исто така ќе се произведува и новата генерација на моделот „Corolla“.

Испораката на дизел моторот е почеток на пошироката соработка меѓу „BMW“ и „Toyotа“ во рамките на плановите на двете компании за развојот на системите за горливи ќелии, заедничките платформи за спортски автомобили, работата во развојот на технологија за лесни каросерии и заедничкото истражување на т.н. литијум-воздушни батерии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП